Top Sport

Мората се сели во Милан

Алваро Мората брзо си најде нов клуб по завршувањето на Европското првенство. Шпанскиот напаѓач ќе стане нов играч на Милан.

Мората со капитенската лента ја предводеше Шпанија до европската титула, постигна еден гол на ЕУРО 2024. Минатата сезона дресот на Атлетико Мадрид постигна 15 гола во Примера.

Милан се реши за Мората и ја искористи неподготвеноста на Атлетико да го продолжи договорот со напаѓачот.

Трофејниот италијански клуб ја активираше откупната клаузула од (само) 13 милиони евра и ги договори сите услови со Мората, наскоро се очекува соработката да биде официјализирана.

Мората договори четиригодишен договор со Милан, а лекарските прегледи ќе ги помине во текот на оваа недела. Мората ќе му биде конкуренција во нападот на Лука Јовиќ, кој го продолжи договорот.

Scroll to Top