Top Sport

Тосун се пресели од Бешикташ во Фенербахче

Трансферот кој ја стресе Турција, искусниот напаѓач го засили тимот на Жозе Мурињо. Фенербахче потврди дека го ангажирал искусниот напаѓач Џенк Тосун.

Како што беше објавено на веб-страницата на Фенербахче, турскиот репрезентативец кој е роден во Германија пристигна во клубот како слободен играч, по завршувањето на договорот со Бешикташ. Тосун (33) со големиот ривал на Бешикташ, Фенербахче потпиша две годишен договор.

Во кариерата, освен за Бешикташ, Тосун настапуваше и за Кристал Палас, Евертон, Газиантеп и Ајнтрахт Франкфурт.

Тој беше дел од репрезентацијата на неодамна завршеното Европско првенство, каде Турција беше елиминирана во четвртфиналето од Холандија. Тосун за Турција постигна 21 гол на 53 натпревари.

Scroll to Top