Top Sport

Родри го предводи идеалниот тим на ЕУРО 2024

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го објави идеалниот состав за неодамна завршеното Европско првенство.

Титулата ја освоија Шпанците кои во финалето во Берлин ја победија Англија со резултат 2:1.

Шестмина Шпанци најдоа место во идеалниот тим на ЕУРО 2024, во кој има двајца Французи и по еден Швајцарец, Англичанец и Германец.

На голот а Мајк Мењан, а во одбраната единствен Шпанец е Марк Кукуреља. Дефанзивниот бедем го поплнија Кајл Вокер, Вилијам Салиба и Мануел Аканџи.

Средниот ред целосно и припадна на „црвената фурија“ со играчот на турнирот Родри, Фабијан Руиз и Дани Олмо.

Во нападот крилните позиции им припаднаа на Ламин Џамал и Ник0 Вилијамс, а лажна деветка е Џамал Мусијала.

Scroll to Top