Плејмејкерот на Далас Маверикс, Кајри Ирвинг, мораше да оди на операција на скршената лева рака, потврди франшизата од Тексас. НБА ветеранот би можел сепак да биде подготвен да ги започне подготовките со тимот кој минатата сезона играше во големото финале.
Кајри се повреди по финалето на НБА, кое Мавси го загубија од Селтикс. На почетокот на јули на тренинг ја скрши левата рака.
Не е сигурно кога Ирвинг би можел да се врати во тренажниот процес, но во Далас се оптимисти и велат дека тој ќе биде на тренинзи за два и пол месеци.
Ирвинг беше клучниот човек на Далас во неуспешниот обид да се освои шампионскиот прстен.
Во плеј-офот имаше 22 поени и пет асистенции по натпревар, додека во регуларниот дел од сезоната во просек постигнуваше по 25 поени.