Top Sport

Мабапе нема да патува со Реал на американската турнеја

Килијан Мбапе ќе ја пропушти турнејата на Реал Мадрид низ САД, одлучено е по консултации меѓу клубот и медицинската служба на Француската фудбалска федерација.

За потсетување, Мбапе го скрши носот на Европското првенство и иако неговата повреда не бара операција, констатирано е дека нема потреба да се ризикува пред почетокот на сезоната.

Иако операцијата засега е откажана, договорено е состојбата на Мбапе да продолжи да се следи.

Во Реал го очекуваат доаѓањето на Мбапе на 8 август, по враќањето на Реал од тренинзите во САД. Шпанските медиуми наведуваат дека кондицијата на Мбапе не е спорна и заклучиле дека нема потреба премногу да го заморуваат во претсезоната.

Реал на турнејата низ САД ќе игра против Милан на 3. август, а три дена подоцна против Челзи, реално Мбапе да настапи во Суперкупот на УЕФА, против Аталанта на 14 август во Варшава.

Реал новата сезона ќе ја започне како бранител на титулата во шпанското првенство и Лигата на шампионите и како актуелен освојувач на Купот на кралот.

Scroll to Top