Денвер Нагетс ќе му ја исполнат желбата на својот најдобар играч Никола Јокиќ. Расел Вестбрук наскоро ќе стане играч на Денвер.
Лос Анџелес Клиперс го продадоа Вестбрук во Јута Џез, што му го отвори патото кон Денвер.
Според американските медиуми, Јута ќе го откупи неговиот договор, по што Вестбрук ќе стане слободен агент и потоа ќе потпише договор со Денвер.
Со ова ќе се исполни желбата на трикратниот МВП, Никола Јокиќ, кој сакаше да го види Вестбрук во редовите на франшизата од Колорадо.
Така Нагетс ќе добие уште еден ветеран, додека Јута го испрати Кришан Дан во Клиперс
МВП на лигата од 2017 година две сезони го носеше дресот на ЛА Клиперс, во просек бележеше по 11,1 поен, пет скока, 4,5 асистенции и 1, 1 украдена топка.