Top Sport

Ракометарите на Вардар 1961 ги добија противниците во Лигата на Европа

Фото/ https://www.facebook.com/rkvardar

Ракометарите на Вардар 1961, по денешната ждрепка во Виена, ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во фазата по групи во лигата на Европа.

Црвено-црните ќе се натпреваруваат во Ф групата, засега сигурен противник им е Порто, а останатите ќе ги дознаат по одигрувањето на квалификациските дуели меѓу Мелсунген и Еверун, односно Валур и Спачва Винковци од Хрватска.

За очекување е покрај Вардар и Порто во групата да бидат Мелсунген и Валур.

Првото коло ќе се одигра на 8. октомври, кога во Скопје ќе гостува Валур или Спачва Винковци, во втората рунда Вардар ќе гостува кај Мелсунген или Елверум, а потоа следуваат два натпревари (дома/гости) со Порто. Во претпоследното коло Вардар ќе гостува на Исланд или во Хрватска, а во последното коло ќе го пречека Мелсунгем или Елверум.

Scroll to Top