Top Sport

Лунин се договорил со Челси, на потег е Реал Мадрид

Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин би можел да го засили Челзи. Украинскиот голман имаше извонредна сезона во отсуство на повредениот Тибо Куртоа, но и покрај тоа, Белгиецот по опоравувањето доби шанса во финалето на Лигата на шампионите.

Лунин сака поголема улога во новата новата сезона, а бидејќи Реал Мадрид не може да му го гарантира тоа, Украинецот реши да ги слушне понудите.

Едена такова дојде од Челзи, со кого наводно ги договорил личните услови и веројатно добил гаранции дека ќе биде прв голман. Минатата сезона голот на Челси го бранеа Шпанецот Роберт Санчез и Србинот Ѓорѓе Петровиќ.

Доаѓањето на Лунин значи и дека еден од двајцата ќе стане вишок, иако влијание ќе имаат и желбите на Шпанецот и Србинот, односно дали ќе ја прифатат улогата на резервен голман.

Челси за Санчез издвои 23, а за Петровиќ 16 милиони евра.

Scroll to Top