Top Sport

Милан го потврди трансферот на Мората

Алваро Мората од петокот и официјално е фудбалер на Милан. Капитенот на новиот европски првак Шпанија, со Милан потпиша договор до 2028 година.

Милан ја активираше откупната клаузула вредна 13.000.000 евра, па Мората од Атлетико Мадрид се пресели во градот на модата. За Атлетико Мадрид постигна 58 гола и запиша 14 асистенции. Годишно, Мората ќе заработува 4.500.000 евра.

„Имаше многу моменти кога не се чувствував добро. Кога сте во средина каде што од различни причини не можете да ги дадете своите сто проценти, тогаш ова е најдобрата опција за секого. Не сакам да лажам“, изјави Мората на Кадена Копе.

Scroll to Top