Top Sport

(Видео) Се повреди Данте Ексум

Австралискиот кошаркар Данте Ексум се повреди на последниот натпревар.

Австралиja го совлада Порторико со 90:75 во пријателски натпревар пред Олимписките игри. Лошата вест за Австралијците е што Данте Ексум, кошаркарот на Далас Маверикс, доживеа повреда која ги загрижи сите.

Тој незгодно падна и со глава го удри во коленото на соиграчот. Лекарите брзо интервенираа, натпреварот беше прекинат и по неколку минути тој замина во соблекувалната со лекарскиот тим.

Добрата вест е што тој се врати на клупата и остатокот од натпреварот го следеше во од клупата.

Scroll to Top