Арне Слот, новиот менаџер на Ливерпул, дебитираше на клупата на црвените, но не онака како што посакуваше.
Комбинираниот тим на Ливерпул дожиева пораз од Престон (1:0), во пријателски натпревар.
Единствениот гол го постигна Роби Брејди, поранешниот крилен напаѓач на Барнли кој со прекрасен удар од 30 метри го лобуваше резервниот голман на Ливерпул, Витислав Јарош.
Инаку, Слот им подели минутажа на 25 играчи, а меѓу оние кои играа во првото полувреме беа и Кертис Џонс, Харви Елиот, Доминик Собослаи и Мохамед Салах.
Најдобрата шанса за Ливерпул ја имаше Мохамед Салах, кој во првото полувреме, но ја погоди гредата.
Ливерпул ќе замине на американска турнеја каде на 27 јули ќе го одигра првиот натпревар против Бетис.
На турнејата ќе се сретнат и со ривалите од Премиер лигата, Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Robbie Brady’s scored an absolute worldie against Liverpool 😳🤯
pic.twitter.com/IRwExq9tPn— Second Tier podcast (@secondtierpod) July 19, 2024