Top Sport

Киеза подготвен за трансфер во Интер

Италијанскиот фудбалер Федерико Киеза ова лето би можел да го напушти Јувентус и да му се приклучи на големиот ривал, Интер.

Маурицио Ромеи, новинар кој прв најави дека Киеза во 2020 година ќе се пресели од Фиорентина во Јувентус, тврди дека италијанскиот репрезентативец ќе го засили Интер.

Киеза има договор со тимот од Торино до летото следната година, кој нема да биде продолжен.

Доколку Јувентус не го продаде Киеза во овој преоден рок, постои ризик 26-годишниот напаѓач во јануари бесплатно да избере нов клуб.

Да потсетиме, Киеза минатата сезона одигра 29 натпревари за „Старата дама“ и постигна осум гола.

Scroll to Top