Top Sport

Попустот за трансферот на Олмо повеќе не важи – Цената сега е 90 милиони евра

Калузулата во договорот на Дани Олмо кој му овозможуваше да го напушти Лајпциг за 60 милиони евра истече викендов. Никој не ја активираше и покрај тоа што медиумите пишуваа за сериозниот интерес на Брселона и Атлетико Мадрид.

Договорот на Олмо со Лајпциг истекува во 2027 година, Лајпциг нема да се противи на трансфер во друг клуб, но како што тврдат медиумите сега за сума од 90 милиони евра.

Дани Олмо одигра одлчно на ЕП, со Шпанија ја освои титулата, а индивидуално беше избран во најдобриот тим на шампионатото и заедно со петмина други фудбалери ја доби наградата „Златна копачка“ за најдобра стрелец.

Scroll to Top