Top Sport

Арне Слот побарал да му го донесат Таке Кубо

Арне Слот, пред неколку недели го презеде Ливерпул од Јирген Клоп. Холанѓанецот, наследи комплетен и координиран тим, големи промени се практично непотребни, но тренерот смета дека треба малку да го освежи тимот.

Новиот тренер на Ливерпул сака да го ангажира Таке Кубо, 23-годишниот играч на Реал Сосиедад.

За да го реализира трансферот, според медиумите, Ливерпул подготвил сума од 65 милиони евра, односно клубот е подготвен да плати пет милиони евра повеќе од осумата која стои како клаузула за откуп.

Според овие извори, Ливерпул на Кубо му нуди годишна плата во бруто износ од 15 милиони евра.

Таке Кубо во 2011 година пристигна во академијата на барселона, Ла Масија. Тој ја помина речиси целата академија на Барселона, но потоа се врати во Јапонија и ја започна својата сениорска кариера во Токио.

По позајмицата во Јокохама се пресели во Реал Мадрид, но вистинска шанса не доби ниту во „Кралскиот клуб“.

Реал го испраќаше на позајмици во Мајорка, Виљареал и Хетафе, а Реал Сосиедад реши да го откупи неговиот договор за 6,5 милиони евра во јули 2022.

Неговиот трансфер се покажа како полн погодок за клубот од Сан Себастијан. Кубо веднаш стана еден од водечките играчи, на 85 натпревари постигна 16 гола и 14 асистенции, а неговата цена драстично се зголеми за само две сезони.

Scroll to Top