Top Sport

Дурент ќе го пропушти мечот со Србија

Селекцијата на САД, би можела да биде значително ослабена на првиот натпревар на олимпискиот турнир. неизвесен е настапот на Кевин Дурент.

Србија и САД се среќаваат во првото коло, в недела од 17:15 часот во Лил, а во тимот на САД најверојатно нема да биде Кевин Дурент.

Дурент започна да тренира со тимот оваа недела, тој не одигра ниту еден од петте контролни натпревар, пред почетокот на ОИ.

САД на стартот на подготвките остана без Каваи Ленард, но кога станува збор за Дурент селекторот Стив Кер вели дека не ни помислил играчот на Феникс Санс да не дојде во Париз, истакнувајќи дека сака Кеј-Ди да одработи неколку тренинзи пред да се врати на теренот.

Scroll to Top