Top Sport

Козер по седум сезоно го напушти Реал

Францускиот кошаркар Фабијан Козер по седум сезони го напушта Реал Мадрид, а според „Баскет њуз“ негова следна станица во кариерата ќе биде Олимпија Милано.

Козер во Реал Мадрид пристигна во 2017 година од Басконија, а со кралскиот клуб два пати ја освои Евролигата, четири пати АЦБ лигата и пет пати шпанскиот Суперкуп.

Кошаркарскиот портал „Баскет њуз“ наведува дека договорот со Олимпија е готов и само треба да биде официјално потврден.

Козер во јуни наполни 37 години, а минатата сезона имаше просек од 5,1 поен по натпревар во Евролигата. Тој одигра 32 натпревари во Евролигата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');