Top Sport

Фенербахче го потпиша Ен-Несири

Мароканскиот репрезентативец Јусеф Ен-Несири (27) денеска и официјално стана член на Фенербахче. Со турскиот великан потпиша договор до летото 2029 година.

Одличниот напаѓач беше голема желба на Жозе Мурињо, а раководството на Фенербахче успеа да го ангажира за 20 милиони евра, колку што Севилја му плати на Леганес јануари во 2020 година, кога мароканецот пристигна „Рамон Санчез Писхуан“.

И покрај профитабилните понуди од арапските клубови и интересот од Њукасл и Рома, Ен-Несири го избра Фенербахче. Значајна улога во финализирањето на трансферот имаше Жозе Мурињо, кој неколку пати лично разговарал со фудбалерот.

Ен-Несири стана најскапото засилување во историјата на клубот, а во следните четири години ќе заработи 16 милиони евра.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');