Килијан Мбапе конечно пристигна во Реал Мадрид во овој преоден рок. На неговиот трансфер Реал чекаше две години. Мбапе дојде во Реал како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ.
Сепак и покрај тоа што не плати обесштетување Реал за потписот на договоорт на Мбапе му палти 100 милиони евра. Годишната плата на Килијан Мбапе ќе биде 31,2 милиони евра бруто.
Тоа е голем финансиски залак дури и за Реал Мадрид.
Порталот „Возпопули“, пишува дека клубот подигнал позајмица во висина од 130 милиони долари непосредно пред исплатата на првата плата.
Реал ова го направи во банката со која преговараат половина година, бидејќи веќе и должи нешто помалку од 400 милиони евра, а му падна и кредитниот рејтинг што го нарекуваат ризичен и опасен бизнис.
Така, шпанските медиуми пишуваат дека Реал во моментот на трансферот на Мбапе имал „само“ 82 милиони евра на сметката, пари за тековни работи.
Пишуваат и дека ова е најмала сума што ја има „кралскиот клуб“ на сметката во последните 20 години. Да потсетиме, Реал мора да исполни двоен финансиски фер-плеј – и лигашкиот и наметнатиот од УЕФА. Затоа му треба многу маневрирски простор и пари.