Top Sport

(Видео) Саинц ја прифати понудата од Вилијамс

Шпанскиот Формула 1 возач Карлос Саинц ќе вози за тимот на Вилијамс од следната сезона. Шпанецот успешно ги заврши преговорите со британскиот тим за време на Големата награда на Белгија.

Саинц, пред почетокот на сезоната дозна дека Ферари нема да му понудат нов договор, бидејќи во црвениот болид од наредната сезона ќе седна седумкратниот шампион, Луис Хамилтон.

Постоеше можност Саинц да се пресели во тимот на Ауди, но на крајот тој сепак де реши да ја прифати понудата на Вилијамс.

Ова значи дека без место ќе остане Логан Сарџент, а колега на Саинц ќе му биде Алекс Албон.

Scroll to Top