Првиот носител на олимпискиот турнир во тенис, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето.
Ѓоковиќ во осминафиналето го победи Германецот Доминик Кепфлер со 7:5 и 6:3. ;ечот траеше еден час и 37 минути.
Топлото време им создаде огромни проблеми на двјцата тенисери. Првиот сет беше егал, откако Ѓоковиќ направи брејк во четвртиот гем, а веќе во следниот Германецот возврати со ри-брејк. Клучниот брејк Ѓоковиќ го направи во 12. гем кога Кепфлер сервираше за тај-брејк.
Во вториот Србинот веднаш на стартот направи брејк, повреде со 2:0, а потоа рутински го одработи сетот.
Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе му биде Гркот Стефанос Циципас. Во својот денешен осминафинален натпревар Гркот беше подобар од Аргентинецот Себастијан Баез со 2:0 (7:5, 6:1).
Од 13 средби со Циципас 11 завршиле со победа на Ѓоковиќ.