Астон вила, поранешниот англиски шампион и редовен член на Премиер лигата, и оваа сезона ја поминува во втората англиска лига, и по слабите резултати, реши да го отпушти тренерот Стив Брус.
Покрај Брус, од тимот заминува и Колин Калдервуд, Стив Егњу, Стивен Клеменс и Гери Волш, во потег кој локалните медиуми од Бирмингем го нарекуваат „ден на долгите ножеви“ по неславната чистка на нацистичката партија во Германија.
3:3 ремито против Престон во вторникот беше последна капка во чашата за Брус и тој си заминува точно две години откако и Роберто ди Матео беше отпуштен од клубот.
Откако загубија во баражот за влез во Премиер лигата од Фулам, клубот од Бирмингем има само една победа во последните 10 мечеви во сите натпреварувања и се наоѓа на 12. место во Чемпионшип.