Top Sport

(Фото) Солзите на Новак Ѓоковиќ

По 16 години Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во финалето на Олимписките игри. Вечерва во Париз тој го победи Лоренцо Музети со 6:4, 6:2.

Колку тоа му значи пласманот во финалето на олимпискиот турнир, покажа по последниот поен, падна на земјата и заплака. Емоциите го совладаа и не можеше да ги сокрие.

Ѓоковиќ и донесе нов медал на Србија, а в недела против Карлос Алкараз ќе се бори за најсјаното одличје.

”Ух… Тешко е да се соберат сите емоции во моментов. Петти Олимписки игри, за прв пат ја минав пречката во полуфиналето, загубив три од четирите полуфиналиња, но нема да застанам тука, одам по златото. Веднаш да им кажам на сите, нема да се задоволам со ова, но морам да го прославам ова како што заслужува, обезбедив медал за Србија“, рече Ѓоковиќ

Scroll to Top