Top Sport

Светски рекорди на американската штафета 4×100 метри и Боби Финке на 1.500 метри

Натпреварите во пливање на 33. Летни олимписки игри завршија со два светски рекорди. Боби Финке постави нов рекорд на 1.500 метри слободно, а неговите сонарднички славеа во штафетната трка 4×100 мешано.

Американките го освоија златото со време од 3:49.63, со што го соборија светскиот и олимпискиот рекорд.

Американките го држеа и претходниот светски рекорд во оваа дисциплина, поставен во 2019 година, кој изнесуваше 3:50.40 минути. Олимпискиот рекорд беше во сопственост на Австралија од Игрите во Токио и изнесуваше 3:51.60.

Американките пливаа во состав Реган Смит, Лили Кинг, Келси Далија и Симон Мануел

Среброто и припадна на Австралија (+3,48), а бронзата на Кина (+3,60).

Во машка конкуренција, исто така во штафетата 4х100 метри, мешаното злато и припадна на Кина, која трката ја заврши за 3:27.46.

Среброто им припаѓа на Американците, а бронзата на домаќинот Франција.

Фантастичниот Боби Финке со светски рекорд ја потврди доминацијата на 1.500 метри. Американецот го урна рекордот на Кинезот Јанг Сун од Игрите во Лондон. (1:31.02).

Времето на новиот рекорд на Финке изнесува 14:30.67 минути.

Среброто го освои Италијанецот Грегорио Палтриниери со задоцнување од 3,88 секунди, а бронзата му припадна на Ирецот Даниел Вифен (+8,96).

Scroll to Top