Top Sport

Италија губеше 0:2, спаси четири меч топки и ги елиминираа Јапонците

Италија на волшебен начин избори пласман во полуфиналето на одбојкарскиот турнир. Италија ја победи Јапонија со 3:2 (20:25, 23:25, 27:25, 26:24, 17:15), откако спаси три меч топки во третиот и уште една во петтиот сет.

Италија и Јапонија го одиграа најдобриот меч на ОИ, кога се во прашање тимските спортови. Неверојатно е што спасија Италијанците, или ако саката повеќе што испуштија Јапонците.

На крајот по два часа епска борба со кренати раце си заминаа репрезентативците на Италија.

Јапонија играше брилијантна одбојка во првите три сета, дојдоа Јапонците и до три сет топки, но таа предност не успеаја да ја искористата. Италија се врати во мечот, а потоа борбата продолжи и во наредните два сета.

Во тај-брејкот, Јапонците имаа уште една меч топка, а откако и таа шанса не ја искористија следуваше брутална казна.

Италија во полуфиналето ќе игра против Полска која претходно ја декласира Словенија со 3:0.

Scroll to Top