Фудбалската репрезентација на Шпанија е првиот финалист на олимпискиот турнир. Шпанците во полуфиналето го победија Мароко со 2:1.
Фудбалерите на Мароко први дојдоа во водство, најстрогата казна во гол ја претвори Рахими во 37. минута од натпреварот.
Во вториот дел Шпанците направија пресврт, најпрвин играчот на Барселона Фермин Лопез со гол во 66. минута го израмни резултатот, а потоа Хуанлу Санчез и донесе победа на Шпанија во 85. минута.
Во битката за златото, Шпанија ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Франција и Египет.