Теун Купмајнерс (26) со сите сили сака од Аталанта во Јувентус. Офанзивниот играч за врска на освојувачот на Лига Европа вчера се скарал со тренерот Џампјеро Гасперини, пишуваат италијанските медиуми.
„Сè одеше според планот до оваа недела. Тогаш Купмајнерс ни кажа дека сака да оди во Јувентус. Не сака повеќе да тренира со нас, ниту да игра за нас“, изјави тренерот на Аталанта за Еко ди Бергамо.
Холанѓанецот е примарна цел на Јувентус од почетокот на преодниот рок, но клубот никако не може да постигне договор со Аталанта. Наводно, Аталанта бара околу 50 милиони евра, а Јувентус нуди десет помалку.
Според „Трансфермаркт“, Холанѓанецот вреди 50 милиони евра, а може да игра на сите позиции во средниот ред. Купмајнерс нема да игра за Аталанта на 14 август на натпреварот од Суперкупот на Европа против Реал Мадрид.
Купмајнерс пред три лета пристигна во Аталанта за 14 милиони евра од АЗ Алкмар и набрзо стана еден од најдобрите играчи од средниот ред во Серија А. За Аталанта досега одигра 129 натпревари, постигна 29 гола и забележа 15 асистенции. За холандската репрезентација има 21 настап и еден гол, а последното ЕП го пропушти поради повреда.