Top Sport

Колку вреди олимпиското злато на Филипините – Стан, куќа, кеш, колачи, колоноскопија

Филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло си го обезбеди остатокот од животот благодарение на освоените два златни медали на Олимписките игри во Париз.

Јуло е вториот олимписки шампион на Филипините во 100 години учество на Игрите, единствен по Хидилин Диас која стана во Токио освои злато во кревање тегови.

Тој во Париз стана олимписки шампион во две дисциплини (партер и коњ).

Јуло добил трособен стан чија вредност се проценува на 414.000 долари.

Јуло требаше да добие двособен стан откако го освои првото злато, но поради второто доби поголем. Покрај станот добил и куќа со паркинг, чија вредност се проценува на повеќе од 100.000 долари.

Исто така потврдено е дека добил парични награди од дури 366.000 долари од Собранието, државната Комисија за спорт и локалната обложувалница, а во стоковна куќа добил и ваучер од 20.000 долари и Ајфон 16, а локалната пекара му обезбедила бесплатни колачи до крајот на животот.

Исто така, локален синџир ресторани му понудил бесплатна храна до крајот на животот, а од локалната стриминг сервис „Vivamax“ му додели бесплатна доживотна претплата.

И, конечно, најбизарната награда од сите – бесплатни колоноскопија и гастроентеролошки прегледи од 45. година (моментално има само 24) до крајот на животот.

Наведена е уште една непотврдена награда, бесплатни инженерски студии.

Инаку, Јуло е двократен светски шампион (на коњ во 2019 година и на коњ во 2021 година).

Scroll to Top