Top Sport

Данска по 20 години се врати на олимпискиот пиедестал

Ракометарите на Данска славеа над Шведска во мечот за третото место на Олимписките игри со 30:25.

Данците ја презедоа контролата во средината на првото полувреме и до крајот на ја испуштија предноста.

По 20 години Данска се врати на пиедесталот на Олимписките игри. Последен пат беа на пиедесталот во Атина во 2004 година, кога беа златни.

Мие Хојлунд беше најефикасна од победничката екипа со пет гола, колку што постигна Натали Хагман, најдобриот стрелец на Шведска.

Во финалето денеска од 15 часот ќе се сретнат Франција и Норвешка.

Scroll to Top