Top Sport

Франција го одбрани златото од Токио

Домаќинот на олимпискиот турнир во одбојка, репрезентацијата на Франција го одбрани златниот медал од Токио. Французите во големото финале ја декласираа Полска со 3:0 (25:19, 25:20, 25:22).

Полјаците по пауза од 48 години влегоа во борбата за олимпиското злато, но не можеа да им се спротивстават на домаќините.

Во првите два сета триколорите беа фантастични, Полска речиси и да немаше шанси. Се чинеше дека Полјаците ќе се вратат во третиот, водеа со 18:17, но потоа Франција врза неколку одлични сервиси и со серија од шест поени успеа да направи пресврт (23:18). малку подоцна и да го добијат мечот, 25:20.

Никола Грбиќ не успеа како селектор со Полска да освои злато, што му успеа како како играч со југословенската репрезентација во 2000 година во Сиднеј.

Scroll to Top