Top Sport

Олимпијски рекорди за Кипјегон и американската штафета 4×400 метри

Кулминација на последниот ден од натпреварите во атлетика на стадионот „Франција“ беше штафетната трка на 4×400 метри во машка конкуренција.

По голема борба златото им припадна на Американците (Кристофер Бејли, Вернон Норвуд, Брајс Дедмон и Бенџамин Реј), кои поставија нов олимписки рекорд од 2:54.43 минути.

Последна измена на Американците, Бенџамин Рае беше под огромен притисок од шамионот на 200 метри и вицешампинот на 100 метри, Летсил Тебога од Боцвана, но на крајот африканската нација мораше да се задоволи со среброто. Бронзата им припадна на Британците.

Атлетичарките од САД го освоија златниот медал во штафетата 4 х 400 метри. Американките победија со второто најдобро време во историјата од 3:15,27 минути. Светскиот рекорд во оваа дисциплина изнесува 3:15,17 минути. Тимот на САД го сочинуваа Шамир Литл, Сидни Меклахлин-Лаврон, Габриел Томас и Алексис Холмс.

Холанѓанките го освоија среброто со национален рекорд со време од 3:19.50, пред се благодарение на Фемке Бол, која одлично истрча во последната измена, која ја започна од четвртото место.

Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Велика Британија со време од 3:19,72 минути, што е нов национален рекорд.

Фејт Кипјегон од Кенија го собори олимпискиот рекорд на 1.500 метри, кој го постави во Токио пред три години. Таа на истото место каде пред еден месец го собори светскиот рекорд, постави време од 3:51.29 минути. .

Австралијката Џесика Хул го освои среброто со 3:52.56, додека Британката Џорџија Бел ја освои бронзата со национален рекорд од 3:52.61.

Scroll to Top