Италијанскиот тенисер Јаник Синер е поразен од Андреј Рубљов во четвртфиналето на Мастерсот во Монтреал.
Рубљов, кој изминативе неколку месеци игра во катастрофална форма, успеа да најде ритам и да го шокира светскиот тенисер број еден.
Русинот победи по нешто помалку од два часа игра со 2-1 во сетови (6:3, 1:6, 6:2).
За 26-годишниот тенисер од Москва ова беше трета победа во осум средби против Италијанецот, за кого ова беше само трет меч по Вимблдон, бидејќи поради повреда ја пропушти олимпијадата.
Рубљов во четвртфиналето ќе игра против Матео Арналди од кого загуби на Ролан Гарос.