Ракометарите на Словенија се најпријатното изненадување на Олимписките игри, но не успеаја да го остварат сонот, не успеаја да освојат медал. Шпанија го доби мечот за бронзениот медал со 23:22 (12:12).
Најефикасни кај Шпанија беа Алекс Гомез со пет гола, Афустин Касадо со четири гола и Абел Сердио со три гола. За Словенија, Јуре Доленец постигна шест, пет Блаж Јанц, а по три Алекс Влах и Тилен Кордин.
Иако натпреварот започна рано наутро, во 9 часот, селекцијата на Словенија и Шпанија играа со многу енергија, агресивност и цврстина.
Се играше по принципот гол за гол, а на крајот од првото полувреме резултатот беше 12:12.
Војната на нервите продолжи и во вториот дел, на четири минути пред крајот на семафорот стоеше 21:21. Алекс Влах промаши зицер, а Алекс Душебаев погоди за 23:21 на две минути до крајот. Доленец намали од седум метри – 22:23. Шпанија не го искористи нападот, а Словенија го имаше последниот. Блаж Мацковшек не успеа да постигне гол, славјето на Шпанците можеше да започне.
За златниот медал и олимпискиот трон ќе се борат Данска и Германија.