Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски го одигра последниот натпревар за Абердин. Навивачите на Абердин пееја песни во негова чест, а Миовски со солзи го напушти теренот.
Инаку, Миовски влезе од клупата во судиското надополнување на мечот со Сент Мирен, по што емотивно се прости од навивачите.
Претходните денови гласни станаа највите дека тој ќе се пресели во Џирона за нешто повеќе од 5.000.000 евра. Миовски си го исполни сонот, да игра во една од топ европските лиги и да настапи во Лигата на шампионите.
Во претходните две сезони Миовски постигна по 16 гола во шкотскиот шампионат, ќе видиме како ќе се снајде 25-годишниот во редовите на дебитантот во Лигата на шампионите.
🎶 Somewhere in the box he's scoring 🎶#StandFree | @bojanmiovskii 🇲🇰 pic.twitter.com/hrP1gRDp5k
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) August 11, 2024
🎥🔴 An emotional Bojan Miovski gets a heroes send off from the Aberdeen support, ahead of his move to Girona.#Aberdeen #StMirren pic.twitter.com/T13Y92OsEl
— PLZ Soccer (@PLZSoccer) August 11, 2024