Илјандници луѓе ги пречекаа носителите на медали за Србија на 33.Летни олимписки игри во Париз. На платото пред градското Собрание, навивачуте ги поздравија Новак Ѓоковиќ, ватерполо репрезентацијата, стрелците Зорана Арнаутовиќ и Дамир Микец, таеквондистката Александра Перишиќ и кошаркарската репрезентација.
Претходно српските спортисти имаа прием кај претседателот на државата Александар Вучиќ. Србија парично ги награди освојувачите на медали, за таа намена ќе потроши нешто помалку од 5.000.000 евра. Освојувачите на златни медали добија спортски пензии, мечесно ќе добиваат по 2.100 евра.
„МВП, МВП, МВП“, ечеше кога на балконот на градското Собрание излезе најпрвин Никола Јокиќ, а потоа и најдобриот светски ватерполист Душан Мандиќ.
Еуфоријата меѓу навивачите кулминираше кога од балконот ги поздрави Новак Ѓоковиќ.
„Без лажна скромност, ова е најголемиот спортски успех што сум го постигнал во мојата кариера“, рече 37-годишниот Ѓоковиќ.
Welcomed back in true Serbian fashion 🇷🇸
🎥 IG: RTS_Predstavlja pic.twitter.com/d4mmJdZ0Oe
— Denver Nuggets (@nuggets) August 12, 2024
— OvoOno (@OvoOnoX) August 12, 2024
— OvoOno (@OvoOnoX) August 12, 2024