По синоќешните натпревари од третата квалификациска рунда, познати се сите плеј-оф двојки за пласман во Лигата на шампионите. Два тима го претставуваат регионот, Црвена звезда и Динамо Загреб со поранешните македонски репрезентативци, Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Динамо Загреб, во плеј-офот за противник го доби Карабаг. Азербејџанците на импресивен начин го елиминираа бугарскиот првак Лудогорец.
Бугарите славеа во Азербејџан со 3:2, а синоќа во реваншот Карабаг победи со истиот резултат. Во продолженијата, Карабаг го декласира Лудогорец, постигна четири гола и со 7:2 се пласира во плеј-офот.
Црвена звезда ја очекуваат два натпревара со шампионот на Норвешка, Бодо/Глимт. И Норвежаните немаа тешка задача во третата рунда против шампионот на Полска, Јагелонија.
Откако го добија првиот меч во Полска со 1:0, на домашен терен славеа убедлива победа 4:1.
Лига на шампиони, 3. квалификациско коло:
АПОЕЛ – Слован Братислава 0:0 (прв натпревар 0:2)
Бодо/Глимт – Јагелонија 4:1 (прв натпревар 1:0)
Фенербахче – Лил 1:1* (прв натпревар 1:2)
Твенте – Салцбург 3:3 (прв натпревар 1:2)
ПАОК – Малме 3:4* (прв натпревар 2:2)
Ференцварош – Митјиланд 1:1 (прв натпревар 0:2)
Лудогорец – Карабаг 2:7* (прв натпревар 2:1)
ФЦСБ – Спарта Прага 2:3 (прв натпревар 1:1)
Ројал Унион – Славија Прага 0:1 (прв натпревар 1:3)
Ренџерс – Динамо Киев 0:2 (прв натпревар 1:1)
Плејоф:
Јанг Бојс – Галатасарај
Динамо Загреб – Карабаг
Митјиланд – Слован Братислава
Бодо/Глимт – Црвена звезда
Малме – Спарта Прага
Лил – Славија Прага
Динамо Киев – Салцбург
Првите натпревар на програмата се на 20 и 21 август, реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.