Top Sport

Ферстапен: Мекларен претставува сериозна закана за титулата

Макс Ферстапен сигурно чекори кон освојувањето на четврта последователна шампионска титула во Формула 1.

По 14 трки, асот на Ред Бул има 78 бода повеќе од Ландо Норис од Мекларен.

Она што е забележливо е дека во последните два месеци Ферстапен не е толку доминантен како што беше во последните две сезони.

Мекларен забележа значителен напредок, а во конкуренција на конструктори се доближи до Ред Бул на само 42 поени.

„Доколку продолжат да победуваат, реално ќе бидат сериозна закана во борбата за титулата“, изјави Ферстапен.

Сепак, Холанѓанецот смета дека Ред Бул треба повеќе да размислува за себе.

„Мораме да поправиме некои работи, за да бидеме добри како на почетокот на сезоната. Се разбира, титулата е секогаш во потсвеста, но фокусот е автомобилот да работи како што треба. Ако биде така тогаш ќе ни се случуваат само добри работи“, изјави Ферстапен.

Шампионатот во Формула 1 продолжува на 25 август со трка во Зандворт, Холандија.

Scroll to Top