Top Sport

(Видео) Камавинга се повреди, ќе го пропушти дуелот со Аталанта

Реал Мадрид и Аталанта, вечерва ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона. Натпреварот во Суперкупот на УЕФА ќе се одигра од 21 часот во варшава.

Шпанските медиуми потврдија дека Едурдо Камавинга ќе го пропушти натпреварот откако на последниот тренинг во полскиот град, на дуелот со репрезентативниот колега Орелиен Чуамени, загуби рамнотежа, се лизна и почувствува болка во левото колено.

Со вресок паднал на тревникот и останал да лежи извесно време Клупската медицинска служба му пружила помош на Камавинга на теренот пред да го напушти тренингот без ничија помош.

Лекарите се сомневаат дека станува збор за повреда на лигаментите, допоплнителните прегледи ќе покажат за каква повреда се работи и колку време ќе треба да помине Камавинга на рехабилитација.

Камавинга е во Реал од 2021 година. Со клубот освои девет трофеи, од кои по два во Лигата на шампионите и шпанското првенство. За Реал одигра 145 натпревари, постигна два гола и запиша осум асистенции.

Scroll to Top