Top Sport

Катастрофа на почетокот на сезоната

Играчот на Нотингем Форест, Данило се повреди уште на самиот старт на натпреварот.

Бразилскиот фудбалер Данило се повреди на стартот од сезоната на натпреварот помеѓу Нотингем Форест и Бурнемаут.

Во судирот на средината на теренот меѓу Семењо и Данило, се чинеше дека тој помина полошо и остана да лежи на теренот.

Буквално му пукна ногата, набрзо дојдоа медицинскиот персонал како и помошниците и со шатори го опколија Данило за гледачите да не ја гледаат грозоморната сцена и на Бразилецот веднаш да му биде укажана потребната помош.

Се појави и видео од повредата, а ве предупредуваме, глетката не е пријатна!

Scroll to Top