Top Sport

Милнер влезе во историјата на Премиер лигата

Брајтон со победата против Евертон ја почна новата сезона во Премиер лигата, а фудбалерот Џејмс Милнер влезе во историјата на англискиот фудбал.

Триесет и осумгодишниот фудбалер ја почна својата 23-та сезона во Премиер лигата и стана рекордер на, според многумина, најголемото домашно натпреварување на планетата.

Милнер дебитираше во Премиер лигата во 2002 година во Лидс Јунајтед, а потоа играше за Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити, Ливерпул и минатата сезона Брајтон.

Три пати Милнер беше шампион на Англија. Тоа го направи двапати со Сити и еднаш во Ливерпул. Во Премиер лигата има одиграно 634 натпревари и има постигнато 55 голови и 87 асистенции.

Колку е искусен и легендарен играч Џејмс Милнар најдобро говори податокот дека неговиот сегашен менаџер во Брајтон, Германецот Фабијан Хурцелер имал само девет години кога Англичанецот настапувал во Премиер лигата.

Scroll to Top