Top Sport

Гундоган сака да ја напушти Барселона

Илкај Гундоган сака да ја напушти Барселона пред крајот на преодниот рок.

Каталонскиот клуб минатото лето без обештетување успеа да го доведе Гундоган од Манчестер Сити со очекување тој да стане главна ѕвезда во тимот.

Потпиша договор на две години, се очекуваше да биде ментор на помладите колеги, а и самиот сакаше да и помогне на Барса да се стабилизира.

Сега, сепак, тој сака да замине.

Незадоволството започна минатата сезона откако Барселона загуби од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во првиот натпревар каталонскиот клуб победи со 3:2 во Франција, а потоа претрпе пораз од 4:1 на домашен терен. Тогаш германскиот репрезентативец целата вина ја префрли на Роналд Араухо, кој заработи црвен картон веќе во 29. минута.

Следеа тензии во соблекувалната, кои очигледено нсе уште не се смириле.

Јасно е дека Гундоган не сака да остане во Барселона. Тој одржал состанок со спортскиот директор и тренерот Ханси Флик. На двајцата им кажал дека нема намера да остане во Барселона.

Scroll to Top