Top Sport

Мората ќе паузира три недели

Алваро Мората имаше блескаво деби во дресот на Милан. Шпанецот, во саботата, не дозволи Торино да слави победа во Милано. Постигна гол во ремито 2:2

Поведе со Торино со 2:0, а враќањето на својот тим го најави Мората со гол во 89. минута. Окафор им донесе бод на „Росонерите“ во петтата минута од судиското надополнување.

Одличното деби ја засени повредата со која се здобил Мората.

Како што пишува Џанлука ди Марцио, Мората ќе биде надвор од терените најмалку три недели, можеби и повеќе.

Станува збор за обновена мускулна повреда.

Според Ди Марцио, Мората се повредил во петокот и затоа Мората не бил стартер, но порази резултатот, тренерот Паоло Фонсека бил принуден да го стави во игра.

Извесно е дека Мората ќе ги пропушти дуелите со Парма и Лацио.

Scroll to Top