Top Sport

„Макс е пред Фетел, тој е најдобар во историјата на Ред Бул“

Поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култхард направи својата листа на најдобри возачи на Ред Бул во историјата.

Британецот возеше за австрискиот тим во првата сезона во 2005 година кога влезе во најбрзиот караван.

За Ред Бул, Себастијан Фетел освои четири титули, а Макс Ферстапен три. Култхард смета дека Холанѓанецот и е најдобриот возач на овој тим во историјата.

„Макс, Макс, Макс, тоа би биле моите први три места. Мислам дека Ферстапен е без конкуренција. Иако ја има титула повеќе, Себ би го ставил на второто место“, изјави Култхард.

На третата позиција го смести Австралиецот Марк Вебер, кој седум години беше дел од Ред Бул.

„Според мене поради се што направи за тимот, Вебер е пред Даниел Рикиардо“, изјави Култхард.

Формула 1 шампионатот продолжува викендов со Големата награда на Холандија.

Scroll to Top