Top Sport

Раиконен објави книга со хаику поезија!

Кими Раиконен е вистински лик, еден од ретките „карактери“ во модерната Формула 1. Кој не верува во тоа може да ги провери линковите подолу, а ако е потребен уште еден доказ, тука е и книгата со хаику поезија издадена пред Јапонското ГП во Сузука.

Организаторите се потрудија да ја промовираат својата славна трка со поезија од возачот на Ферари и резултатите се спектакуларни!

Кими самиот се пофали со скромните зборови: „Шекспир, Рунеберг, Раиконен“.

Еве дел од преводите:

„Телефони

Секогаш на тивко

Не сакам кога ѕвонат и

Луѓето се јавуваат“

Или:

„Финска

Летно време има рибарење

Во зима

Рибарењето е лошо“

Уште еден пример:

„Патеката

Тесна на некои места

Широка на други

Зависи

Од тоа каде си“

Најсмешните моменти на Кими во Ферари (видео)

Нема ексклузивен ручек за Минту – Кими ја честеше сопругата хамбургер

Scroll to Top