Top Sport

Почина легендата на Југопластика Ратомир Тврдиќ

На 81-годишна возраст почина Ратомир Тврдиќ, еден од најголемите играчи на Југопластика, легенда на сплитската, хрватската и југословенската кошарка. За сплитскиот клуб играше 18 сезони, а на збогувањето од активното играње во 1977 година во Сплит, на Југпластика и се спротивстави тим избран од ФИБА.

Тврдиќ со Југопластика освои две државни првенства (1970 и 1977) и три купа (1972, 1974 и 1977 година). Два пати го освои Купот Радивој Кораќ (1976 и 1977 година),а беше и вицешампион на Купот на европските шампиони во 1972 година.

Со репрезентацијата на поранешната држава освои два светски сребра (1967 и 1974) и едено злато (1970).

Во својата успешна кариера освои и три медали на ЕП, сребро во 1969 година и злато во 1973 и 1975 година.

Scroll to Top