Top Sport

„Во НБА играчите не би го толерирале тоа што го прави Жељко Обрадовиќ“

Турскиот центар Алперен Шенгун, познат и по крекарот „Бејби Јокиќ“ ги откри разликите меѓу НБА и европската кошарка.

Центарот на Хјустон го спомна Жељко Обрадовиќ, за кого тврди дека не би се снашол најдобро во најсилната лига на светот.

„Работите не би функционирале, играчите не би го трпеле тоа. Играчите не би го толерирале тоа што го прави Обрадовиќ. Во Америка тој не би можел да го прави она што го прави во Европа. Тоа е нешто сосема друго“, изјави Шенгун во една турска ТВ емисија.

Шенгун е еден од најталентираните турски кошаркари и во тимот на Хјустон минатата сезона имаше просек од 21,1 поен, 9,4 скока и пет асистенции.

Scroll to Top