Top Sport

(Видео) Пораз на Милан во Парма

Фудбалерите на Милан по две кола во Серија А имаат само еден бод. Откако во првото коло во последните моменти избегнаа пораз од Торино на домашен терен, вечерва доживеаја пораз во Парма (2:1). Паоло Фонсека е вториот тренер на Милан во последните четири децении, по неговиот претходник Стефано Пиоли кој не забележал победа во воведните две кола.

Дека Милан ќе има тешка вечер на „Енио Тардини“ навести Ман со голот во втората минута.

Милан потоа имаше некакв адоминација на теренот, но израмни дури во 66.минута. Тео Ернандез и Рафа Леао изведоа одлична акција по левата страна, Португалецот заврши најголем дел од работата, а Пулишиќ од три метри ја испрати топката во празната мрежа, за 1:1.

Во 77. минута нов шок за Милан. Рафаел Леао испрати лошо додавање, отвори контранапад на Парма, Алмвист тргна од сопствената половина по левата страна кон голот на Милан, стигна до шеснаесетникот и на втората статива го проигра Канчелиери, кој немилосрден погоди за 2:1.

Во вториот натпревар одигран во 18.30 часот, Удинезе со головите на Лука во петтата и Тован во 49.минута го победи Лацио со 2:0.

Scroll to Top