Top Sport

(Видео) Мондо Дупалнтис повотрно го урна светскиот рекорд

Неверојатниот Арманд „Мондо“ Дуплантис повторно го урна сопствениот светски рекорд. На митингот од Дијамантската лига во Хорзов, Полска, Дупалнтис прескокна 6.26 метри.

Пред неколку неполни три недели, на Олимписките игри во Париз, Дуплантис го освои златниот медал, со нов светски рекорд 6,25метри.

Во Хорзов, популарниот Мондо, го поодбри сопствениот рекорд за еден сантиметар.

Дуплантис, 10.пат во кариерата го подобри светскиот рекорд. Во Хорзов за овој резултат доби парична награда од 100.000 евра.

Scroll to Top