Холандскиот тенисер Талон Грикспор имаше интересна изјава поврзана со допинг случајот на Јаник Синер.
Синер двапати падна на допинг тестовите за забранетата супстанца клостебол, но суспензијата му беше укината и на крајот беше прогласен за невин.
Различни играчи го дадоа своето мислење за целата ситуација, а повеќето од нив јавно изјавија дека не мислат дека Синер намерно се допингувал, туку остро го критикуваа АТП и ИТИА за третмнот што го добил Италијанецот, а не го добиле другите играчи за слични прекршоци.
„Каде што има чад, има и оган. Синер им носи многу пари, а двајцата најважни „играчи“ на АТП се исто така Италијанци“, изјави Грикспор на Ју-ес опен.
Тој потсети на некои други случаи.
„Има играчи како Халеп кои треба да чекаат две, три години, а на Синер му беше дозволено да продолжи да игра под радарот и сега е целосно слободен“, рече Грикспор и подвлече:
„Тоа не смее да биде така. Без разлика дали сте број 1 или број 500, сите треба да се третираат еднакво.“