Во дебитантскиот настап за Реал Мадрид во Ла Лига, Ендрик успеа да постигне гол. Тој ја потврди победата на Мадрид во второто коло од Ла Лига против Ваљадолид (3:0).
Голот активара една од клаузулите што Ендрик ги има во договорот.
Како што пренесуваат медиумите од Бразил, според договорот, за секој гол што ќе го постигне Ендрик, Реал ќе треба да му плати на Палмеирас 35.000 евра. Истата сума Реал треба да ја плати за секоја асистенција или изборен пенал. Овие клаузули во договорот на Ендрик важат до 2023 година..
Ниту една страна не потврди дали има капа на голот и бонуси за игра како стартер.
Во договорот на Ендрик има голем број на бонуси за кои Палмеирас може да заработи најмногу 12,5 милиони евра.
Бразилските медиуми открија дел од клаузулите во договорот на Ендрик.
1. Секој постигнат гол, асистенција или изборен пенал – 35.000 евра.
2. Секој натпревар како стартер на Реал Мадрид со најмалку 45 минути – 75.000 евра.
3. Шампион на шпанското првенство, стартер во осум натпревари – 500.000 евра или ако започне 18 натпревари – 1.000.000 евра.
4. Полуфиналист во Лигата на шампионите, почетни четири натпревари – 1.000.000 евра или осум натпревари – 2.000.000 евра.
5. Шампион во Лигата на шампионите почетни четири натпревари – 1.000.000 евра или осум натпревари – 2.000.000 евра.
6. Награда Голден бој – 1.000.000 евра.
7. Топ 3 во изборот за „Златна топка“ – 1.000.000 евра или добитник на истата – 2.000.000 евра.
Инаку, Реал пред нешто помалку од две години за Ендрик на Палмеирас му плати 35 милиони евра.