Top Sport

И Коман се сели во Саудиска Арабија?

Францускиот ас Кингсли Коман до крајот на преодниот рок ќе го напушти Баерн Минхен. Крилниот напаѓач се поврзува со клубови од Премиер лигата, наводно бил и на радарот на Барселона, но француските медиуми тврдат дека тој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Според овие извори, Баерн е подготвен да го продаде 28-годишниот напаѓач во Ал Хилал.

Французинот минатата сезона одигра 17 натпревари во Бундеслигата и постигна три гола.

Тој наводно сака да остане во Баварија, каде што е веќе девет години, но профитабилната понуда на Ал Хилал може да го предомисли поранешниот француски репрезентативец.

Дресот на Ал Хилал го носат Нејмар, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Александар Митровиќ.

Scroll to Top